Собранието цел ден без кворум, сите седници презакажани за задутре

Четири продолженија на четири седници се случија во Собранието на Република Македонија за нешто повеќе од половина час во попладневната сесија денеска, но како и претходно, не можеше да се гласа за ниту една точка, оти немаше кворум.

Во продолженијата на седниците, сепак, за разлика од претходно, се јавија некои пратеници за дискусија, главно образложувајќи ги причините поради кои треба да се донесат некои закони, како предлог-законите за измена на законот за безбедност на патиштата и предлог-законот за зелените пазари. Сепак, поради недоволниот број пратеници, гласањето е презакажано за задутре – четврток.

Иако имаше услови некои од седниците да продолжат со другите точки, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги прекинуваше седниците со образложение дека станува збор за предлози од опозицијата, која сега не учествува во работата на Собранието, па ќе се продолжи со тие точки кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врателе во собраниските фотелји.