Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот бил на 125 километри источно од градот Рабаул, на пацифичкиот остров, на длабочина од 70 километри.

Засега нема податоци за жртви или материјална штета.