Шекеринска на министерски состанок на земјите членки на НАТО во Брисел

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и на земјите – придонесувачи во мисијата „Одлучна поддршка“.

Шекериска, како што информираат од Министерството, ќе учествува и на состанокот со министрите од земјите кои се дел од регионалната команда Север, предводен од германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен.

Во рамки на посетата, Шекеринска ќе се сретне и со помошникот на генералниот секретар на НАТО за планирање и политика, Хајнрих Браус, и со помошникот на генералниот секретар за политички односи и за безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалес.