СДСМ: Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните

Со поднесената интерпелација против министерот за финансии, Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии и буџет во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните и на зајакнување на економијата, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од владејачката партија велат дека со интерпелацијата, ВМРО-ДПМНЕ е против минимална плата од 12.000 денари за сите работници, вклучително и работниците во кожарската и во текстилната индустрија.

„Со гласањето против ребалансот на буџетот подготвен од министерот и од Министерството за финансии, ВМРО-ДПМНЕ докажа, а со денешната интерпелација и потврди, дека е против трајното решавање на статусот на стечајните работници, против укинувањето на радиодифузната такса, против субвенциониран годишен одмор на најниско платените работници и против поголема помош за претпријатијата – мерки што се обезбедуваат со ребалансот на буџетот“, се вели во соопштението на СДСМ.