САД: Се преврте воз-цистернa, евакуиран цел град

Товарен воз кој превезувал повеќе од 100 цистерни сурова нафта, излета од шините при снежното невреме во американската држава Западна Вирџинија. Барем една цистерна излетала в река, а 14 се запалиле, што предизвикало голем пожар и истекување на нафта, соопштија претставниците.

Гувернерот на американската држава Западна Вирџинија, Ерл Реј Томблин, прогласи вонредната состојба во окрузите Канавха и Фајет за да им се овозможи на службите да стигнат до погодените области.

Евакуиран е градот Пауел Таун, по несреќата, и затворени се два погона за преработка на вода, на кои им се заканува загадување од истечената нафта во реката Канаваха.

Канцеларијата на гувернерот Томблин соопшти дека возот превезува нафта од Северна Дакота за Јорктаун во државата Вирџинија. Возот има 109 вагони, од кои само на два вагони немало цистерни.

https://www.youtube.com/watch?v=OVMvXZXYhk0