Рот: Националистички варвари ја уриваат демократијата во Македонија!

Жестока реакција стаса претпладнево од Михаел Рот, германскиот државен министер за Европа, за синоќешните напади на македонското собрание.

„Националистички варвари сакаат да ги уништат последните остатоци на демократската култура во Македонија. Ужаснат сум“, напиша Рот на својот твитер-профил утрово.

Осуди стигнаа и од еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан, како и од претседавачот и од генералниот секретар на ОБСЕ, Себастијан Курц и Ламберто Заниер, но и од голем број државници во регионот.