Пукање во близина на училиште во Глазгов

Во близина на основно училиште во предградието Пенили во Глазгов дошло до пукотница, соопшти шкотската полиција.

– Полицајците се во училиштето и не постои закана за децата или вработените – соопшти портпаролот на шкотската полиција.

На твитер-профилот на училиштето „Свети Џорџ“ се наведува дека сите ученици и вработени се безбедни, пренесува „Би-би-си“.

Портпаролот на полицијата соопшти дека во тек е опсежна истрага која треба да ги утврди точните околности за инцидентот.

– Информирани сме за инцидентот со огнено оружје во Пенили. Не веруваме дека во моментов има закана за кое било лице“, соопшти полицијата на социјалните медиуми.