fbpx
Таг: школо

таг: школо

Децата кои немаат компјутери за онлајн настава, часовите ќе ги следат во училниците

Министерство за образование и наука информира дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следење на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата. „За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наставниците предаваат на другите деца...

Во „Орце Николов“ за 285 места се пријавиле 400 одлични основци – квалификационо тестирање в петок

Основците кои се пријавиле за да учат во гимназијата „Орце Николов“ ќе полагаат квалификационен тест в петок. Оваа одлука била донесена откако за 285 слободни места, се пријавиле дури 400 ученици од кои со сите петки се 330, а останатите имаат по една или две четворки. Ова е прв случај после многу години квалификационо тестирање да се полага во гимназија....

Дваесет и четири лица загинаа во пожар во училиште во Малезија

Најмалку 24 лица, од кои повеќето тинејџери, загинаа утринава во пожар што изби во спалните соби на исламско училиште во предградие на малезискиот главен град Куала Лумпур, соопштија властите. - Пожарникарите бргу стигнале на местото по повикот за помош во 5.41 часот по локално време и им бил потребен еден час да го изгаснат пожарот, кој почнал да се шири и...

Курц смета дека треба да се затворат градинките за деца муслимани во Виена

Министерот за надворешни работи и шеф на Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, смета дека треба да се затворат градинките за деца муслимани во Виена кои ги посетуваат 10.000 деца, пишуваат австриските медиуми. Тој додал дека таквите градинки, јазично и културно се целосно одвоени од мнозинството во општеството. Според него, клучот е во успешна интеграција и во знаење германски јазик....

Најмалку двајца повредени при пукање во училиште во Франција

Вооружен тинејџер отвори оган во средно училиште во јужниот француски град Грас, при што најмалку две лица се повредени. Напаѓачот е уапсен. Француските власти преку своја апликација и преку социјалните мрежи издадоа предупредување поради „инцидентот кој ја загрозува јавната безбедност“. Иако претходно беше јавено дека станува збор за терористички напад, полицијата рече дека не станува збор за тоа. Според последните информации, две...

Пукање во близина на училиште во Глазгов

Во близина на основно училиште во предградието Пенили во Глазгов дошло до пукотница, соопшти шкотската полиција. - Полицајците се во училиштето и не постои закана за децата или вработените – соопшти портпаролот на шкотската полиција. На твитер-профилот на училиштето „Свети Џорџ“ се наведува дека сите ученици и вработени се безбедни, пренесува „Би-би-си“. Портпаролот на полицијата соопшти дека во тек е опсежна истрага која треба да...

Русија негира дека бомбардирала школо во Идлиб

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека руските и сириските сили не го бомбардирале училиштето во покраината Идлиб, во кое загинаа 28 лица, од кои 22 се деца. - Руската Федерација нема никаква врска со оваа страшна трагедија, ниту со овој напад – рече портпаролката Марија Захарова. Таа истакна дека тврдењата на активистите за човекови права и на западните дипломати дека руски...

Бомбардирањето на школо во Сирија е воено злосторство, оцени УНИЦЕФ

Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека бомбардирањето на школо во сириската покраина Идлиб, во кое загинаа 22 деца и шест возрасни лица, веројатно е најсмртноносниот напад од почетокот на војната во Сирија пред шест години. Извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, рече дека нападот е изведен намерно и оти станува збор за воено злосторство. Сириската Опсерваторија за човекови...

Шведска: Експлозија во близина на училиште

Силна експлозија одекнала во близина на училиште во шведскиот град Карлштад, јавуваат локалните медиуми. На локацијата по експлозијата избувнал пожар, а во моментот на местото се наоѓаат и екипи на итна помош. Засега нема информации, но не се исклучува можноста дека има жртви. Полицијата се наоѓа на местото на експлозијата, но засега не се знае што ја предизвикало. https://www.youtube.com/watch?v=e2bRtrvtdQs

ИД гранатира училиште во Сирија

Милитантите на Исламска држава гранатирале училиште во градот Деир ал Зор на истокот на Сирија, а од експлозијата загинале најмалку девет лица, соопштија денеска од Сириската опсерваторија за човекови права. Сириските државни медиуми јавија дека девет девојчиња загинале и оти гранатата што ја испукале терористите ја погодиле областа во Деир ал Зор која е под контрола на владините сили. Во соопштението на Опсерваторијата...

Пакистан: Затворени училиштата на годишнината од нападите на талибанците

Училиштата во Пакистан денеска се затворени на годишнината на нападот на талибанците на училиште во Пешавар, во кој беа убиени 150 лица, од кои 144 ученици. Пакистан ја засили кампањата против милитантите и го прекина мораториумот на смртната казна за терористички напади. Одговорноста за нападот ја презедоа авганистанските талибанци.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...