Пронајдениот череп во Виница е многу стар?

Човечкиот череп кој случајно беше откриен при ископ во Виница е даден на вештачење. Дополнителни анализи треба да ја покажат староста на лицето на кое му припаѓа, полот и времето кога било закопано. Постојат индиции дека черепот многу време се наоѓал на местото.

Основното обвинителство во Кочани очекува наредната недела да ги добие првичните информации.

Во меѓувреме, виничани веќе излегоа со верзии околу пронајдениот череп.

Постарите граѓани сведочат дека таму постоеле турски гробишта и можно е черепот да е на човек, кој бил погребан таму. Но, досега не се откриени документи што ја потврдуваат оваа теорија.

Од виничкиот музеј велат дека тие не располагаат со никакви написи со кои се потврдува постоењето на гробишта. По нивна слободна процена, веројатно черепот многу долго се наоѓал на местото.

Човечкиот череп, завчера, случајно го пронајде вработен во ЕВН, додека вршел ископ за поставување фундамент за столб за струја. Черепот  бил закопан на околу 1,5 метар под површината на земјата.

В.К.