Прометот во индустријата лани поголем за 8,6 отсто во однос на 2014 година

 

Прометот во индустријата лани во однос на 2014 година е поголем за 8,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во декември 2015 година, во однос на истиот месец во 2014 година, е поголем за 1,8 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во декември 2015 година, во однос на истиот месец од 2014 година, бележи опаѓање од 13,6 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 2,7 проценти.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2015 година, во однос на истиот месец од 2014 година, бележи опаѓање од 1,2 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 2,8 проценти.