Променливо облачно со повремен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 21 до 31 Целзиусов степен.

УВ-индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.