Променливо облачно и посвежо, со температура до 23 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и значително посвежо, со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура се движи од седум до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 10 до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно и посвежо. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 20 Цезлиусови степени.

Утре и за време на викендот, синоптичарите најавуваат свежи утра, а преку денот ќе се задржи стабилно време, со дневни температури кои ќе бидат во благ пораст.