Прилепчанец и велешанец притворени поради серија разбојништва и кражби

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Прилеп, поднела кривична пријава против велешанецот И.А.(18) и прилепчанецот И.И.(23), осомничени дека во изминатите два месеци извршиле шест разбојништва и тешки кражби.

Според полициските информации, осомничените насилно, со туркање и со истргнување, од своите жртви што ги пресретнувале на прилепските улици, одземале златен и сребрен накит, чанти со пари, мобилни телефони и документи.

Судија на претходна постапка на осомничените им одредил мерка притвор од 30 дена, додаваат од полицијата.