Пожарот во бараките кај „Здравко Цветковски“ изгаснат, повредени нема

Пожарот во бараките на булевар Партизански одреди близу средното училиште „Здравко Цветковски“ во населбата Карпош е изгаснат и во него нема повредени.

– Стануваше збор за голем пожар, но, за среќа, спречивме да се прошири и на другите бараки – изјави за „Мета“ командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески.

Причините и штетата допрва ќе се утврдуваат, а сега се внимава некаде пак да не избие оган.

По пријавувањето на случајот во 12.15 часот, интервенирале 30 пожарникари со 15 противпожарни возила, а преку Штабот за заштита и спасување на Град Скопје за помош на пожарникарите биле ангажирани и екипи на јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комунална хигиена“.