Пожар во канцеларија во Министерството за правда

Пожар изби попладнево во канцеларија на најгорниот кат во Министерството за правда. Скопските пожарникари интервенираат гаснејќи го огнот и однадвор и внатре.

Пред објектот во строгиот центар на Скопје се собрани стотина граѓани кои ја набљудуваат акцијата на пожарникарите.