Популарноста на Оланд порасна за 21 отсто

Популарноста на францускиот претседател Франсоа Оланд пораснала за рекордни 21 отсто. Тој претходно важеше за најнепопуларен претседател на Франција. Според податоците што ги објави институтот ИФОП, 40 проценти од анкетираните граѓани го поддржуваат Оланд.

На францукиот премиер Мануел Валс популарноста му се зголемила за 17 отсто и сега 61 процент од Французите го поддржуваат, што е повеќе отколку кога беше избран за премиер.

Позитивните реакции во Франција се должат на сè што овие двајца лидери направија и изјавија по терористичките напади на статиричниот француски неделник „Шарли ебдо“.

Валс минатата недела во Парламентот одржа говор против екстремизмот и нетолеранцијата, кој со овации беше поздравен и од левицата и од десницата на Франција.