Попоски учествува на Минхенската безбедносна конференција

Министер за надворешни работи во заминување Никола Попоски ќе учествува на традиционалната, 53-та по ред, Минхенска безбедносна конференција, што ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија,

Овогодинешната конференција ќе биде фокусирана на иднината на трансатлантските односи по претседателските избори во САД, европската безбедносна соработка и одбрана, односите со Русија, војната во Сирија, политичко – безбедносната ситуација во Азија и Пацификот, како и предизвиците од мигрантската криза и радикализацијата.

Попоски во Минхен, ќе оствари повеќе средби со колегите од земјите-членки и партнери на НАТО.