Попоски на покана на Могерини, денеска во Малта на неформален состанок

Министерот за надворешни работи во оставка, Никола Попоски, денеска во Малта, на покана на високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ќе присуствува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ, Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

„На покана на високиот претставник за надворешни работи и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и на министерот за надворешни рабoти на Малта, Џорџ В. Вела, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министерот за надворешни работи Никола Попоски на 28 април 2017 година, во Валета, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција“, информираат од МНР.

На маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да оствари билатерални средби.