Попоски на конференција за Југоисточна Европа во Берлин

Се одржува во организација на реномираниот германско - американски Институт „Аспен“ во Берлин
Се одржува во организација на реномираниот германско - американски Институт „Аспен“ во Берлин

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на покана од германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, и од британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд,  денеска ќе учествува на шестата Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, која се одржува во организација на реномираниот германско-американски Институт „Аспен“ во Берлин.

Се очекува да се дискутира и за значењето на економската соработка и за инфраструктурната поврзаност како важни услови за повеќе инвестиции, економски пораст и развој на Балканот.