Полицијата привела двајца Англичани и двајца Украинци за препродавање билети за Супер купот

Полицијата денеска привела четири странски државјани поради недозволено препродавање билети за Супер купот.

Како што соопшти МВР, во 17.40 часот на плоштадот Македонија фатени се и приведени двајца англиски државјани, кои им препродале билети на двајца украински државјани.

При извршен преглед кај украинските државјани се пронајдени вкупно пет билети без наведени лични податоци, додека кај еден од англиските државјани се пронајдени шест пликоа со по еден билет на различни имиња. При извршениот разговор, еден од украинските државјани изјавил дека еден или два билети купил од Англичаните.

За настанот известен е јавен обвинител и по брза постапка ќе биде поднесена соодветна пријава за недозволена трговија.