Парламентарни избори во Германија на 24 септември

Претседателот на Германија, Јоаким Гаук, соопшти дека парламентарните избори во земјата ќе бидат одржани на 24 септември, како што претходно предложи германската влада.

Гаук соопшти дека го прифатил предлогот на владата изборите да бидат одржани последната недела од септември.
Се очекува националистичката партија Алтернатива за Германија да влезе во парламентот благодарение на антимигрантското расположение во земјата. Според анкетите, оваа партија засега ужива доверба кај 12 отсто од Германците.

Канцеларката Ангела Меркел ќе се обиде да го добие четвртиот мандат за формирање влада, но неизвесно е кој ќе влезе во коалиција со нејзините демохристијани ако Алијансата успее да земе значаен дел од гласовите на другите партии.
Демохристијаните водат во анкетите со 36 отсто поддршка, а веднаш зад нив се социјалдемократите, малцинскиот партнер во владата, со околу 21 отсто.