Пад на европските берзи по терористичкиот напад во Брисел

По терористичкиот напад на бриселскиот аеродром и во метрото, акциите на европските берзи паднаа, со што најголем пад доживеаја акциите на патничките и на авиокомпаниите, јавува „Ројтерс“.

– Геополитичките ризици, вклучувајќи ги и терористичките акции кои директно го погодуваат тргувањето или движењето на инедксот, сè уште претставуваат исклучително ризичен фактор кој треба да се следи – велат аналитичарите.

Инвеститорите остануваат фокусирани на развојот на ситуацијата во Брисел, иако и денеска се објавени некои позитивни податоци што донесоа олеснување на перспективите на економскиот пораст на еврозоната и им помогнаа на европските берзи да излезат од длабок минус.