Одбиено барањето на обвинителството за враќање на Шешељ во Хаг

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го отфрли барањето на обвинителството за обвинетиот за воени злосторства Воислав Шешељ, кој е на привремена слобода, да се врати назад во притвор во Хаг, беше потврдено во канцеларија за медиуми на Хашкиот трибунал.

Како што јавуваат српските медиуми, Судскиот совет во образложението на одлуката наведува дека обвинителството не поднело жалба на одлуката за пуштање на Шешељ на привремена слобода и оти преиспитувањето на таквата одлука може да се темели само на нови факти, кои го нема.

Судскиот совет во ноември го пушти Шешељ на привремена слобода од хумани причини, односно поради лекување на сериозна болест.