Најмалку 30 жртви во самоубиствен напад во Дамаск

Бомбаш самоубиeц денеска се разнесе во зграда на судот во центарот на Дамаск, при што загинаа најмалку 30 лица, а 60 се повредени.

Ова е втор бомбашки напад во главниот град на Сирија во изминатите пет дена.

„Терорист се разнесе во старата Палата на правдата во Дамаск. Има загинати и ранети“, јави претходно државната телевизија.

Бомбашот го активирал експлозивот во елекот откако полицијата се обидела да го спречи да влезе во судот.

Засега нема повеќе детали за нападот, ниту пак кој стои зад него.