ММФ не преговара со Атина за отпис на долгови

Меѓународниот монетарен фонд досега не преговарал со Атина за отпис на долгот на земјата. „Постои утврдена рамка за долгот во сегашната програма за спас и нема преговори за нејзина промена, соопштија од фондот.

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, во изјава за италијанскиот весник „Република“, рече дека Атина почнала преговори со ММФ во врска со нејзиниот предлог за замена на грчкиот долг за државни обврзници, како дел од напорите на новата влада за негово преструктуирање. Во рамки на програмата за спас одобрена од „тројката“ кредитори, на Грција во 2010 година ѝ беше одборена позајмица од 240 милијарди долари, во замена за спроведување строги мерки на штедње и приватизација на државните претпријатија.