Мерко во прва официјална посета на Албанија, ќе ги претстави можностите за инвестирање

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Рамиз Мерко, од денеска е во прва официјална посета на Албанија, каде што ќе престојува до 4 август.

Мерко ќе се сретне со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претставници на стопанските комори и со бизнисмени на кои ќе им го претстави моделот за привлекување странски инвестиции.

Во делегацијата што ја предводи Мерко се и заменик-директорот на технолошко-индустриски развојни зони, Асип Усеини, како и директорот на меѓународната канцеларија „ФМ Консалтинг“, Фатос Мустафа.

Пред потенцијалните инвеститори ќе бидат презентирани субвенциите за компаниите што инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони и надвор од нив.