Меркел и Оланд патуваат за Киев, за утре планирана средба со Путин

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, денеска ќе отпатуваат во Киев, во рамки на напорите за пронаоѓање мирно решение по интензивирањето на насилството на истокот на Украина, а за утре е планирана средба со рускиот претседател, Владимир Путин, во Москва, јавуваат светските медиуми.

Главниот политички советник на Путин, Јури Ушаков, рекол дека рускиот претседател е подготвен за конструктивни разговори со Меркел и со Оланд за Украина.

Челниците на Германија и на Франција во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Петар Порошенко.

– Со канцеларката Ангела Меркел решивме да преземеме нова иницијатива со нов предлог за решевање на кризата, кој ќе се темели на територијалната целовитост на Украина – изјавил Оланд.