Лубиц во кафето на пилотот ставил диуретик

Копилотот на „Џерманвингс“, 28-годишниот Андреас Лубиц, кој намерно го урнал авионот и со себе во смрт однел 149 лица, наводно во кафето на пилотот ставил диуретик за да го присили пилотот да го напушти кокпитот.

Германските медиуми наведуваат дека истражителите го пребарале компјутерот на Лубиц и во него пронашле податоци што говорат дека тој пред несреќата на интернет порачувал и диуретик.

Полицијата сè уште го истражува причините поради кои копилотот Лубиц го урнал авионот, поради што не сака да ги коментира пишувањата на медиумите.