Русија е подготвена за гасовод сличен на „Јужен тек“ ако ЕУ е заинтересирана

Русија е подготвена да го спроведе проектот за гасовод под Црно Море сличен на „Јужен тек“ ако Европската комисија покаже интерес, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Песков изјави дека Русија разговарала за таквиот проект со партнерите, но сè зависи од тоа „колку е предвидливо и конструктивно однесувањето на Европска комисија“, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Тој изјавил дека директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, неодамна престојувал во Италија каде што бил потпишан меморандум за проектот под Црно Море за доставување гас до Грција и до Италија.