Јовановиќ: Со бојкотот на референдумот на Македонија кукавички и е забоден нож во грб

Претседателот на опозициската Либерално демократска партија Чедомир Јовановиќ ја повика власта во Србија резултатите од референдумот во Македонија да не ги коментира тенденциозно туку да и помогне на Македонија – ако смее, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

-Европска Македонија не е и нема да биде губитник, особено не поради резултатот од референдумот на кој кукавички, со бојкот и е забоден „нож во грб“ на нејзината иднина, така што ВМРО-ДПМНЕ повеќе се грижеше за интересите на Москва отколку за потребите на Македонија – наведе Јовановиќ во соопштението.

Тој додаде дека Македонија која сака да биде членка на ЕУ и НАТО е победник во борбата која се уште трае, иако референдумот бил голема прилика за конечна победа и крај на политиката која ги дели и уништува сите поранешни југословенски републики.