This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Aug 18 8:56:58 2017 / +0000 GMT

Излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија




Излезе од печат разгледница со народни носии на етничките Македонци во Албанија. Разгледницата, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, содржи слики на лица облечени во народни носи од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и од Врник.

Печатена е со финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), со седиште во Торонто, Канада.

- Меѓу Македонците во Торонто, Канада, најдовме искрени соработници и борци за македонското дело. Без нивната финансиска поддршка, разгледницата со народни носи на Македонците во Албанија немаше да биде отпечатена, за што искрено се заблагодаруваме. Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиска помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза. Разгледницата со народни носии на македонско малцинство во Албанија, ќе се дели низ Албанија, но ќе се дистрибуира и кај дијаспората во светот - вели за „Мета“, Никола Ѓурѓај.
Post date: 2017-01-11 12:54:15
Post date GMT: 2017-01-11 11:54:15
Post modified date: 2017-01-11 12:54:15
Post modified date GMT: 2017-01-11 11:54:15
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com