This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Oct 17 5:34:11 2018 / +0000 GMT

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески е македонскиот кандидат за Оскар




Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје" за 2019 година, соопшти денеска Друштвото на филмски работници.

Одлуката, која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики,  ја донесе комисја во состав: во состав: Игор Иванов - режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ - актер, Амернис Нокшиќи - актер, Горан Трајкоски - композитор, Игор Тошевски - ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски - режисер и Наум Доксевски - кинематографер.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Post date: 2018-09-19 12:44:07
Post date GMT: 2018-09-19 10:44:07
Post modified date: 2018-09-19 12:44:07
Post modified date GMT: 2018-09-19 10:44:07

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com