Индустриското производство во првите осум месеци зголемено за 5,1 проценти

Индустриското производство во првите осум месеци од годината е зголемено за 5,1 проценти во однос на лани, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст од еден процент, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8 проценти.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред се на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди и Производство на мебел.