Груевски поднел неотповиклива оставка, нов лидер ќе се бира на 22 и 23 декември

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет на партијата.

На состанокот на Централниот комитет 100 членови гласале да се одржи вонреден конгрес на кој ќе се бира нов претседател на партијата, еден бил против а десет биле воздржани.

Како што подоцна објасни генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, конгресот ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово.