Грчките бродови нема да пловат поради штрајк на Поморската федерација

Грчките бродови останаа закотвени на пристаништата утринава, поради најавата за 24-часовен штрајк на Поморската федерација на Грција.

Причината за штрајкот, кој може да продолжи и следните денови, се колективните договори за екипажите на бродовите.

Вработените бараат зголемување на платите за пет отсто, додека пак од компаниите предложиле зголемување за еден отсто годинава и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто што не било прифатено од Поморската федерација на Грција.