Град Скопје почна со поставување на изборните паноа на 54 локации

Град Скопје денеска соопшти дека почнало со поставување на паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

Поставувањето на паноата произлегува од законската обврска и одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати во Градот Скопје.

Според соопштението, пaноата ќе се поставуваат на вкупно 54 лоакции во десетте скопски општини. Нјамногу изборни билборди ќе бидат поставени во Гази Баба – 9, во Центар – 8, и во Кисела Вода – 7.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања треба да достават барање до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања – 25 септември 2017 година до 10 часот.

Редоследот на истакнување на изборни плакати ќе се опредува со жрепка, посебно за секој подносител, кое ќе се изврши на 25 септември 2017 година во 11 часот, во Град Скопје – Сектор за комунални работи.