Германска амбасада: Хајндл утре и задутре во посета на Скопје

Aмбасадорот Јоханес Хајндл, специјален пратеник на сојузниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, ќе биде во посета на Скопје од 7 до 8 jуни 2016 година, соопштија од Амбасадата на Германија во земјава.

„Надоврзувајќи се на неговите две посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата Иванов, со премиерот Димитриев, со министерот за надворешни работи Попоски и со специjалната обвинителка Jанева“, се вели во соопштението од амбасадата.