Германија откажа карневал поради терористички закани

Германската полиција нареди откажување на традиционалниот карневал во северниот германски град Брауншвајг поради „специфични закани од исламистички напади“, соопшти германската полиција.

Карневалот, кој денеска требаше да почне, е откажан откако безбедносните служби добиле информации за потенцијални напади.