Французинот Паке, нов директор во ЕК за Македонија

Французинот Жан-Ерик Паке е новиот директор на секторот „Б“ во Директоратот за преговори за проширување на Европската комисија, предводен од еврокомесарот Јоханес Хан. Паке доаѓа на местото на Александра Кас-Грање.

Од утре на местото на еврокомесарот Штефан Филе доаѓа Австриецот Хан. Директоратот ќе биде раководен од Данецот Кристијан Даниелсон, но во иднина ќе го носи името Директорат за соседство и за преговори за проширување.

Се очекува Ирецот Дејвид Кулен да остане да работи на досието на Македонија.

Новата Европска комисија предводена од Жан-Клод Јункер веќе нема да има портпароли за секој од 27-те еврокомесари, како што е досега, туку ќе има само седум гласноговорници кои ќе покриваат по неколку портфолија.

Нов портпарол на целата Комисија е Гркот Маргритис Схинас.