Европол: Уапсени 188 лица на 80 аеродроми за фалсификувани авио билети

Заедно со организираните криминалци работеле и експертите за издавање кредитни картички

Сто осумдесет и осум лица се уапсени во меѓународната операција „Глобална акција“ за сузбивање на мрежата за купување авионски билети со фалсификувани кредитни картички, соопшти денеска Европол.

Акцијата е спроведена на 80 аеродроми во 45 земји, а со неа е сузбиен организиран криминал вреден повеќе милиони евра.

– Авионската индустрија, поради овие криминални дејства, годишно  губи милијарди долари. Моравме да смислиме глобална операција, да ги спречиме тие луѓе да се качат во авионот или, пак, да ги фатиме по доаѓањето на посакуваната дестинација – рече директорот на Европол, Роб Вејнрат.

Според податоците на Европол, со криминалната организација работеле и стручни лица од компаниите што издаваат кредитни картички, вклучуваји ги и „виза“ и „американ експрес“, како и претставници на авионски компании и полициски аналитичари.