This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Dec 11 5:47:21 2017 / +0000 GMT

„Еуровингс“ ќе почне да лета од Скопје до Минхен од октомври




„ТАВ Македонија“ најави дека германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ ќе почне да лета на релација Скопје - Минхен од 31 октомври годинава.

Патниците од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе бидат поврзани со главниот аеродром во Минхен, „Франц Јозеф Штраус“.

Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија двапати неделно, во вторник и во петок, со воздухоплов „ербас A320-200“, со капацитет од 174 седишта.

Како што информираат од „Еуровингс“, продажбата на билети за дестинацијата Скопје – Минхен почна на 15 март и е отворена на веб-страницата на авиокомпанијата (www.eurowings.com).

- Оваа линија е директен доказ за успешното завршување на преговорите што ги имавме со авиокомпанијата во изминатиот период и се надеваме дека ова е само почеток на нашата успешна соработка, како и на инвестициите на „Еуровингс“ во Македонија - изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алп Ер Тунга Ерсој.

„Еуровингс“ е со седиште во Келн и е дел од групацијата „Луфтханза“, а се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 150 дестинации во повеќе од 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации.
Post date: 2017-03-17 13:46:57
Post date GMT: 2017-03-17 12:46:57
Post modified date: 2017-03-17 13:46:57
Post modified date GMT: 2017-03-17 12:46:57
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com