среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Александар велики | 14 резултати

Од денеска ќе има редовни летови помеѓу Скопје и Доха

јули 17, 2017

Од денеска ќе се воспостави редовна авиолинија помеѓу Скопје и Доха, а на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се очекуваат да пристигнат првите патници од Доха, информираат од „ТАВ Македонија“. Во петокот на скопскиот аеродром се промовираа уште три нови авиолинии и тоа до Малта, Рим и до Ваксјо. Во првите шест месеци од годинава забележан […]

Две лица уапсени на аеродромот „Александар Велики“

април 14, 2017

Вчера во 12 часот на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, како депортирано лице допатувал 36-годишниот штипјанец Д.И., кој е уапсен откако по извршена пасошка контрола било утврдено се наоѓа на листата за запирање со тенденција лицето да се уапси, соопшти МВР. Во 17 часот лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје […]

„Еуровингс“ ќе почне да лета од Скопје до Минхен од октомври

март 17, 2017

„ТАВ Македонија“ најави дека германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ ќе почне да лета на релација Скопје – Минхен од 31 октомври годинава. Патниците од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе бидат поврзани со главниот аеродром во Минхен, „Франц Јозеф Штраус“. Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија двапати неделно, во вторник и во петок, со воздухоплов „ербас A320-200“, […]

„Виз ер“ воведува три нови линии до Рим, Малта и до Ваксјо

февруари 28, 2017

Три нови авиолинии од Скопје до Малта, Рим и до Ваксјо (Шведска) ќе воведат „Виз ер“ и „ТАВ Македонија“, информираа од компанијата. Летовите ќе почнат да се реализираат на 14 и на 16 јули годинава, кога ќе се базира и четвртиот авион на оваа компанија. – Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, […]

По реакциите во Атина, Тајани на грчки преку „Твитер“ рече дека Александар Велики е Грк

јануари 27, 2017

Грчката политичка и дипломатска јавност се крена на нозе поради стари изјави на новиот претседател на Европарламентот, Антонио Тајани, во кои тој ја именува Македонија под уставното име и вели дека Александар Велики е предок на македонскиот народ. Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, го обвини Тајани за извртување на историјата, Грција испрати протестна […]

„Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

октомври 28, 2016

„Виз ер“ ќе воведе нова авиолинија на релација Скопје – Хановер од 31 октомври. Летовите ќе се одвиваат во понеделник и во петок од аеродромот „Александар Велики“ кон Хановер и во вторник и во сабота до Скопје. Хановер е 23. дестинација со која „Виз ер“ оперира од скопскиот аеродром „Александар Велики“, а истовремено деветта дестинација од Скопје […]

22 отсто повеќе патници на аеродромите во споредба со истиот период лани

август 24, 2016

Во првите седум месеци од годинава, бројката на превезени патници на двата аеродроми во земјава е зголемена за 22,5 проценти во однос на истиот период лани и превезени се 1.008.435 патници, информира Министерство за транспорт и врски. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до јули 2016 година, регистрирани се вкупно 933.130 […]

Нормализиран авиосообраќајот помеѓу Скопје и Истанбул

јули 17, 2016

Летовите на авиокомпнаијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул кон Скопје и обратно, денеска се реализираат според нормалниот распоред за летање, откако вчера беа откажани поради обидот за државен удар во Турција. Според веб-страницата на аеродромот „Александар Велики“, од аеродромот „Ататурк“ во Истанбул утрово на скопскиот аеродром во редовното време, 8.30 часот, слетал авионот ТК 1003, а […]

Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во Источна Европа

април 6, 2016

„ТАВ Македонија“ вторпат го доби престижното признание на „Скајтракс“ (Светски аеродромски награди), со кое „Александар Велики“ е рангиран меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа. Скопскиот аеродром годинава се најде на деветта позиција на листата од 10 аеродроми во Источна Европа, во категоријата најдобри аеродроми според регионот. Листата ја предводи аеродромот во Будимпешта, по што следуваат […]

Откажана посетата на Зарацин поради ветер на аеродромот „Александар Велики“

март 7, 2016

Посетата на пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, на Република Македонија, е откажана поради технички причини, информираат од германската амбасада. Авионот со кој патувал Зарацин, наведуваат од амбасадата, не можел да слета на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Тој денеска со официјални претставници на Владата и на политичките партии […]

Страна 1 од 1