Едно лице загинало во пожар на граничниот премин Бајаково

Едно лице го загубило животот, а десетина биле повредени во пожар што синоќа ги зафатил просториите на граничната полиција на преминот Бајаково, на границата помеѓу Србија и Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.

Пожарот, од засега непознати причини, избувнал синоќа, околу 20.30 часот, а жртвите се наоѓале во просториите на граничната полиција наменети за сместување уапсени лица.

Противпожарините екипи го изгасиле пожарот околу 21.15 часот, а меѓу повредените имало седум полициски службеници и три упасени лица, на кои им била пружена лекарска помош.

Во Вуковарско-сремската полициска управа бил испратен полициски тим кој треба да истражи дали имало пропусти во постапувањето на полициските службеници на преминот.