Двајца повредени во бомбашки напади на седишта на курдската ХДП

Две лица се повредени во два бомбашки напади извршени врз локални седишта на курдската Демократска партија на народите (ХДП), во турските градови Мерсин и Адана.

Засега нема информации колку сериозни се повредите на жртвите.

Нападите се случуваат во пресрет на парламентарните избори во Турција, закажани за 7 јуни.