This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Oct 16 3:33:30 2018 / +0000 GMT

ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на простор предвиден за спортски терен




Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој од една страна симулира акции за рушење на дивоизградени објекти, додека во реалноста го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти, и тој и негов роднина на место предвидено за спортски терен градат куќа кршејќи ги прописите, обвини ДУИ.

Како што рече Башким Хасани, потпретседател на огранокот на ДУИ во Гостивар на прес-конференција, жители од осмата зона во Гостивар реагирале „за дивоградбата која се гради на простор кој според Генералниот урбанистички план, како и Деталниот урбанистички план (блок 24), се предвидени спортски терени“.

Хасани рече дека има реклама на социјалните мрежи од фирмата изведувач која е во сопственост на близок роднина на Таравари.

- Со непреземањето на законски инспекциски мерки на терен, подразбираме дека Таравари го подржува и охрабрува урбанистичкиот каос. ДУИ ги подржува жителите на Гостивар и ги охрабрува таквите случаеви да ги пријават во надлежните институции, затоа што Таравари не ги извршува законските обврски и свесно ја злоупотребува службената должност за материјални придобивки за себе и за своите блиски роднини - порача Хасани.
Post date: 2018-08-10 13:27:03
Post date GMT: 2018-08-10 11:27:03
Post modified date: 2018-08-10 13:27:03
Post modified date GMT: 2018-08-10 11:27:03
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com