Џафери и Мукоски го повлекоа законот со кој се забрануваат „бомбите“

Предлог-законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали што произлегуваат од незаконско следење на комуникациите е повлечен од дневниот ред на Собранието. 

Дека е почната процедура за повлекување на законот, потврдија и од Собранието.

На интернет-страницата на која се објавуваат материјалите за законите, сега можат да се видат и известувањата од предлагачите Талат Џафери и Крсто Мукоски, во кои пишува дека го повлекуваат законот.