Денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб, претежно источен ветер.

Утринската температура се движеше од -3 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 14 и 22 степени.

До крајот на седмицава ќе се задржи стабилно и суво време, со студени утра, а до вторник наутро ќе има услови за магла по одделни котлини. Од среда ќе почне да дува северен ветер, што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови опаѓање на дневната температура.

Инаку, намалена видливост поради појава на магла во раните утрински часови од 100 до 150 метри има на патниот правец Скопје – Катланово, а до 100 метри на патот Велес-Катланово и обратно, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).