Битолчанец ja нашол сопругата дома мртва и облеана во крв

Битолчанец во семејниот дом ја нашол својата сопруга облеана во крв. Случајот во полиција е пријавен денеска пред 10 часот, при што И.Д. рекол дека неговата 47-годишна сопруга ја нашол на под, облеана во крв во горниот дел на телото.

Полицијата при увидот го утврдила истото, а лекар од брза помош констатирал смрт. Според неофицијалните информации, полицијата засега се сомнева дека се работи за убиство, но велат дека треба да се почека и да се види што ќе покаже истрагата.