Автомобил соборувал пешаци на Тајмс сквер во Њујорк, едно лице загина, 12 се повредени

Најмалку една жртва и 12 повредени луѓе е резултатот од инцидент во срцето на Њујорк, Тајмс сквер, кога автомобил удри во група пешаци. Автомобил „хонда акорд“, движејќи се со голема брзина, преминал на спротивната лента, по што се качил на тротоарот и почнал да ги соборува пешаците.

Автомобилот потоа удрил во столб на тротоарот на крстосницата на 7. авенија и на 45. улица, по што полицајци го привеле возачот, чиј идентитет засега не е соопштен.

Веднаш по инцидентот, полицијтаа го блокираше реонот околу Тајмс сквер.

Како што јави „Њујорк тајмс“, претставник на противпожарната служба соопшти дека засега нема информации за состојбата на повредените лица. „Си-ен-ен“ информира дека при претресот на автомобилот во него не е пронајдена никаква експлозивна направа, па полицијата претпоставува дека не станува збор за терористички напад.

https://www.youtube.com/watch?v=ChO_akq3mXk