„Адоуб“: Деактивирајте го „флеш плеерот“

Компанијата „Адоуб“ денеска го објави безбедносниот билтен во кој наведува критичен пропуст (кодно име: CVE-2015-0313) во својот софтвер „флеш плеер“, кој овозможува да се внесе произволен код на далечина што се користи за напад на оперативни системи.

„Адоуб“ работи за крпенка која треба да биде готова во следните неколку дена. Додека корекцијата не биде објавена, корисниците се повикуваат да го деактивираат „флеш плеерот“ и да ја користат безбедносната алатка ЕМЕТ, која е направена за „Мајкрософт“ да ја ограничи опасноста од злоупотреба на пропустите.

Меѓу верзиите погодени со овој пропуст се и верзијата 16.0.0.296, која е објавена пред седум дена,  но  и некои промени во верзиите „13.x“ и „16.x“.

Пропустот кој го откриле вработените во „Мајкрософт“ и во „Тренд микро“ овозможува внесување, засега се користи за напад на оперативни системи како што е „виндоус 8.1“ преку навигаторите како што се „интернет експлорер“ и „фајрфокс“.